На специјализираните интернет страниците, каде се продава се и сешто, може да се види, како се нудат и овие ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 август, 2020 9:39

Граѓаните ги продаваат ваучерите за туризам по половина цена

Фото/Текст извор: ©Алсат тв

Граѓани ги продаваат 6000 денари вредните ваучери за туризам, кои можат да се искористат за одмор во некои од туристичките локалитети во земјава, објави Тв Алсат.

На специјализираните интернет страниците, каде се продава се и сешто, може да се види, како се нудат и овие ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.Јавна тајна е дека наместо да одат на одмор, граѓани ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.Но оние кои Алсат ги контактираше не сакаат јавно да зборуваат за ваквата појава.

„Има некои такви барања. Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, некој да си искешира на некој начин, отколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер. Не сум слушнал некој да има некаде направено такво нешто, бидејќи самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки. Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, вели за Алсат, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.