Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2019 22:32

ГРАЃАНИТЕ НА ГАЗИ БАБА ВЕЧЕРВА СЕ ТРУЈАТ: Непријатна миризба – истекла солна киселина од цистерна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва се почувствува непријатна миризба во Скопје, истекла солна киселина од цистерна. Инспекторите веднаш излегоа на терен.

Фејсбук статус на Инспекторат на Град Скопје:

Вечерва се почувствува непријатна миризба во Скопје, истекла солна киселина од цистерна.

По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи Инспекторат на град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот.

Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување.

Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести