Тестовите за влез во Косово, со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од Ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2020 16:50

Граѓаните на Македонија за влез во Косово со задолжителен негативен тест за КОВИД-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на видео-конференциска седница на Владата на Косово беше одлучено, да се воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тестовите за влез во Косово, со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од Ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина.

Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест. Превозниците кои влегуваат во Косово од споменатите земји немаат потреба од тестот РТ-ПЦР, но треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен превоз. И организираните превозници на патници со автобуски или меѓународни транзитни линии од тие земји не треба да приложуваат уверение за негативен тест, но треба да потпишат изјава дека се обврзуваат да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа. Ослободени од обврската за тестирање се и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на Македонија, БиХ и Црна Гора кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово.

Имено во последните 24 часа во Македонија се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести