Надлежните посочија дека зголемувањето на цената на струјата од речиси 10 отсто ќе важи во првите шест месеци од годинава.

Објавил: Hristijan Ilievski | 13 февруари, 2022 13:11

Граѓаните се жалат дека добиле сметки за струја многу повисоки од 9,4%

Фото/Текст извор: ©vrabotuvanje.com

Новите повисоки сметки за струја веќе пристигнаа. Првите реакции на граѓаните се дека сметките се многу повисоки од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на крајот на ланската година кога објави дека електричната енергија ќе поскапи за 9,4 отсто.

Граѓанските организации добиле огромен број на поплаки од граѓани кои во јануари добиле за над 50 отсто повисока сметка од онаа во декември.

Од ЕВН Македонија велат дека во Скопскиот регион регистрирана е зголемена потрошувачка на електрична енергија поради догревање во деловите кои се снабдуваат со топлинска енергија. Повисоките сметки главно се поради повеќе потрошени киловат часови, а не од зголемувањето на цената на електричната енергија.

Во најголемиот дел се работи за точно потрошени киловат часови колку што е во сметката, а во некои случаи стануваше збор за проценета вредност поради непрочитано броило или порамнување од претходно непрочитан период. Претпоставената фактура не значи по автоматизам повисока фактура за електрична енергија. Истата може да содржи и пониски претпоставени вредности на потрошувачка од реалната во тој месец, велат од ЕВН Македонија.

Надлежните посочија дека зголемувањето на цената на струјата од речиси 10 отсто ќе важи во првите шест месеци од годинава.

Доколку е потребна нова корекција ќе ги информираат граѓаните навремено. Се зависи од тоа како ќе се движат цените на светските берзи и каква ќе биде глобалната побарувачка на електричната енергија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...