Ледената плоча на Гренланд - втор по големина во светот - опфаќа 80 проценти од островот.

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2020 9:24

ГРЕНЛАНД ОСТАНУВА БЕЗ МРАЗ: Вака никогаш не било- СТРАШНО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ледената плоча на Гренланд се намали повеќе од минатата година, повеќе отколку во било кој период од почетокот на забележувањето на податоците во 1948 година, покажуваат неодамнешните истражувања.

Според лондонскиот Индепендент, истражувачите откриле дека големиот пад на површинската маса е предизвикан не само од високите температури, туку и од одредени атмосферски услови кои станале почести како резултат на климатските промени.

„Со децении уништуваме мраз што се формира илјадници години“, рече водачот на студијата Марко Тедеско, истражувач во опсерваторијата Ламонт-Доерти на универзитетот Колумбија во Њујорк.

Ледената плоча на Гренланд – втор по големина во светот – опфаќа 80 проценти од островот.

Минатата година изгуби скоро 600 милијарди тони вода, придонесувајќи за зголемување на глобалното ниво на морето за околу 1,5 милиметар, се вели во студијата објавена во списанието Cryosphere.

Гренланд е остров во Северниот Леден Океан и автономна земја во рамките на Кралството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад.

Гренланд е најголемиот остров во светот.

Со своите 55.877 жители (2018), Гренланд е најслабо населена држава или зависна територија во светот. Главен град на Гренланд е Нук, а официјален јазик е гренландскиот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани