Гордана Кузмановска, епидемиологот од Институтот за јавно здравје истакна дека бројот на заболени значително се зголемил но вели дека нема место за паника бидејќи бројката не  го поминува прагот на сезонската активност кога може да се каже дека веќе има вистинската сезона на грип.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јануари, 2020 16:21

Грипот во Македонија коси: Значително зголемен бројот на заболени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грипот во Македонија присутен повеќе од било кога. Изминатата недела заклучно од 6 ти јануари па до 12 јануари значително е зголемен бројот на лица заболени од грип, односно за три па пати овеќе од претходната недела.

Сезонскиот грип коси во Македонија

Гордана Кузмановска, епидемиологот од Институтот за јавно здравје истакна дека бројот на заболени значително се зголемил но вели дека нема место за паника бидејќи бројката не  го поминува прагот на сезонската активност кога може да се каже дека веќе има вистинската сезона на грип.

– Наспроти податоците што ги добиваме од вирусолошкиот надзор кои велат дека минатата недела се тестирани најголем број материјали – 18 од кои пет се позитивни, има три материјали позитивни на грип од типот H1 и два А тип, но не субтипизирани заедно со тоа што пред недели го детектиравме како H3 А тип, веќе имаме палета на разноликост, каде превалира 70 отсто појава на А тип, а 30 отсто појава на Б типот, потенцира д-р Кузмановска.

Кузмановска додава дека најголем број случаи дури 166, се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица а највисока инциденца е регистрирана на територијата што ја покрива Подрачната единица Дебар (209 на 100.000 жители) со 58 пријавени случаи.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.618.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...