Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.

Објавил: admin@magazin | 2 октомври, 2022 10:34

ГРОЗЈЕ – природен лек за чистење на крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно од 12 основни врсти на винови лози од кои се прави поголемиот дел на светските вина.

Порано вината се означувале спрема подррачјето на кое се одгледува грозјето, но покасно бројот на производителите толку многу пораснал, така што означувањето било сведено спрема сортата на грозјето.

Грозјето е вид на овошје кое расте во кластери од 15 до 300, и може да биде црвено, црно, темно плаво, жолто, зелено, портокалово и розево. „Белото“ грозје е всушност зелена боја, и еволуционо е изведено од пурпурното грозје. Мутација во двата регулаторни гени на белото грозје исклучуваат продукција на антоцијанин, кој е одговорен за бојата на пурпурното грозје.

Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.

Зрната на грозјето имаат типични елипсоидни облици, кои потсеќаат на проширен сфероид.

Црното грозје мора да биде што потемно, скоро црно. Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, кои го дават вкусот и бојата на црното грозје, а нам ни даваат здравје.

Црно грозје

Црното грозје мора да биде што потемно, скоро црно. Лушпата на црното грозје изобилува со феноли, кои го дават вкусот и бојата на црното грозје, а нам ни даваат здравје.
Полифенолите (ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини) се антиоксиданси кои ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои може да предизвикаат развој на тумор.
Тие ги чуваат крвните садови од атероскледроза, и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и васкуларни заболувања.
Црното грозје би требало да се јаде поради хранливите состојки, најмногу калиум, витамин Ц, Б1 и Б6 и манган. Тоа изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол.

Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот“ холерстерол.

На тој начин го смалуваат и ризикот за кардиоваскуларни болести.
Неодамнешното истражување покажало дека консумирањето на црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.
Од одредени врсти на грозје се прави суво грозје, кое обилува со растителни влакна, калциум и железо, а кои можат до го заменат шеќерот во колачите.
Лушпата на црното грозје содржи големи количини на резерватол, кој позитивно влијае на моторните и менталните функции на мозокот и го намалува ризикот од мозочен удар. Исто така, резерватол ја одржува и флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул.

Некои истражувања покажале дека резерватолот има важна улога и во спречувањето на малигните ззаболувања и дека дури може да го забрза уништувањето на веќе постоечките клетки на ракот. Поради тоа, грозјето се користи и како природен лек за превенција и за борба против ракот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...