Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта.

Објавил: Весна Петровска | 16 октомври, 2019 10:50

Груби: Во ДУИ и за пет евра се понесува одговорност, а камо ли за „Луј Витон“ чанта

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По оставката на заменик-министерот за здравство, Асим Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“.

Коруптивна афера во која е вклучен заменик-министерот за здравство, Асим Муса, објави вечерва истражувачката емисија во Албанија „Фикс фаре“.

Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта.

-Во ДУИ денеска докажавме дека не за 50 евра, туку и за 5 евра, а камоли за Луј Витон Чанта, ќе се понесе одговорност во ДУИ и ние не сме како другите. Ги повикуваме медиумите да пријават секакви злоупотреби на функцијата и сме партнери на невладините организации и медиумите и сите институции во градење на општество во кое нема селективна правда.

За потсетување, една година од неговото именување на функцијата заменик министер за здравство, Асим Муса поднесе оставка. Оставката доаѓа само еден ден откако во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше објавено видео на која се гледа како Асим Муса зема 50 евра од лице кое се договара со него да го оперира а за интервенцијата треба да плати над илјада евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.