И таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените. Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, 8 АА и 2 БЕСА, уште 6 ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум, рече Груби.

Објавил: Едмонд Бекири | 20 септември, 2022 5:55

Груби: Во контакт сме со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, дел ќе гласаат за уставните измени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 21 рече дека секојдневно имаат контакт со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и тој е убеден дека дел од нив ќе гласаат за уставните измени.

-Уште 6 пратеници кои потребни за уставните промени ќе се најдат во редовите на опозицијата, која исто така е составена од повеќе партии внатре во коалиција со ДПМНЕ.

И таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените. Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, 8 АА и 2 БЕСА, уште 6 ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум, рече Груби.

Тој откри и дека комуницира со Христијан Мицкоски кој во разговорите барал предвремени избори и негирал секаква поврзаност со Русија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика