Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби е разрешен поради поседување дрога, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 декември, 2020 17:51

Груби го разреши советникот Касапи, кој неодамна бил фатен со дрога

Фото/Текст извор: ©360

Првиот вицепремиер Артан Груби претходно денеска за „360 степени“ и за други медиуми“ потврди дека утрово го разрешил Шпат Касапи кој му беше советник за култура!

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби е разрешен поради поседување дрога, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности.

„На работен состанок, првиот заменик претседател на Владата ме информираше директно мене. Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво. Веднаш презеде дејствија уште денеска да го разреши поради таа одговорност. Ме информираше на редовниот состанок утрово после седница на штабот, кај 10 часот,  имавме состанок и тој вчера разбрал од медиумите“, изјави Заев денеска во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање.

Првиот вицепремиер Артан Груби претходно денеска за „360 степени“ и за други медиуми“ потврди дека утрово го разрешил Касапи.

Одредени медиуми објавија дека Касапи, кој е познат пејач, пред еден месец, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Тој ги негираше сите обвинувања, велејќи дека се работи за клевета

Заев денеска рече дека Груби за ова дознал од медиумите вчера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести