Таа потенцираше дека за одбележувањето биле предвидени серија настани, посочувајќи дека владините претставници се оградуваат од причина што тие не биле инволвирани во настанот на кој се случил инцидентот.

Објавил: Весна Петровска | 25 ноември, 2019 13:30

Груби за дивеењето на „Шверцери“:Ќе славиме каде што сакаме

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

МНТ е граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граганите, вели за „Фокус“, Артан Груби, после дивеењето на навивачката група „шверцери“ во МНТ.

-Театарот му припаѓа на народот, не е вмровски, сдсмовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граѓаните. 20-годишнината беше одбележена во албанскиот театар пред 10 години со прикажување на документарец, исто како и 30-годишнината во МНТ каде што присуствуваа фудбалски ветерани, тренери, Албанци, Македонци и други, на кои им беа доделени благодарници од страна на организаторите, спонзори, градоначалници… Секоја чест за професионалноста на вработените во театарот каде што се одржуваат безброј различни настани – вели Груби.

Директорката на Македонски народен театар (МНТ) Симона Угриновска денеска за МИА изјави дека остро го осудува инцидентот што се случи во петокот при одбележувањето на Денот на албанската азбука.

Таа потенцираше дека за одбележувањето биле предвидени серија настани, посочувајќи дека владините претставници се оградуваат од причина што тие не биле инволвирани во настанот на кој се случил инцидентот.

Имено, Владата, односно Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја организирало само централната манифестација – Свечената академија по повод прославата на Денот на албанската азбука, додека настанот на којшто се случил инцидентот бил само најавен меѓу другите настани предвидени за одбележувањето.

– Вториот настан, не ни беше најавен дека ќе биде во такви рамки. Беше најавено дека ќе има проекција на документарец, по истиот повод – Денот на албанската азбука. Ние не знаевме до последен момент ниту дека документарецот не во контекст на одбележување на Денот, тука дека е сосема друга темата и воопшто не знаевме дека се повикани навивачи на фудбалски клуб, нагласи Угриновска.

Таа информираше дека во МНТ наскоро ќе пристигне крим-техника да изврши увид.

И премиерот Зоран Заев ги повика организаторите на прослава во петокот во која беше уништен инвентар на Македонскиот народен театар да си понесат одговорност и да ја надоместат штетата. Иако СДСМ, како што рече премиерот, е против градбите од проектот „Скопје 2014“ , тие се сега државна сопственост и никој нема право да го крши инвентарот.

„Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел на активностите, а тоа е делот на одбележувањето на Денот на албанската азбука, без присутен таму, останав дури малку и на коктелот и заминавме. Ми кажаа дека има втор дел, за млади. Вториот дел испадна дека и не била толку културна манифестација. Треба да си понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа“, рече премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести