Жолтата куќа во време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОВК, претежно Срби. Обвинителката Карла Дел Понте беше првата која јавно проговори за злосторствата сторени таму.

Објавил: Македонка Димкин | 24 ноември, 2020 16:37

Груби за „Жолтата куќа“ ама ангажиран за Хашкиот Трибунал

Фото/Текст извор: ©ТВ24/ плусинфо.мк

Груби: Јас само преведував за Хашкиот трибунал, а „Жолтата куќа“ не се споменува во обвинението против водачите на ОВК

Сето ова е дел од предизборна кампања во Албанија во која не сакам да бидам дел, ниту да бидам инволвиран – вели првиот вицепремиер Артан Груби.

Вицепремиерот Артан Груби негира каква било инволвираност во случајот „Жолтата куќа“, напротив тој тврди дека и во обвиненијата за косовскиот претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовското Собрание не се споменува „Жолтата куќа“. Според Груби, станува збор за предизборна кампања во Албанија, во која, како што вели, не сака да учествува ниту пак да биде инволвиран.

– Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај. Во неговиот извештај тоа го кажа и се затвори. Бев службено како дел од Хашкиот трибунал – вели Груби.

Тој негира дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово.

– Секоја година се отвора оваа тема, едноставно моето сиви е јавно објавено не веб-страницата на Владата, претходно на Собранието, и сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман – вели Груби.

Тој тврди дека во обвинението против водачите на ОВК на Косово воопшто не се споменува „Жолтата куќа“.

Ако сте го читале обвинението, ќе забележите дека „Жолтата куќа“ воопшто не се споменува. Јас бев во Албанија во 2004 година, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година – вели Груби.

Според него, отворањето на случајот „Жолта куќа“ во Албанија е за предизборни цели.

Жолтата куќа во време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОВК, претежно Срби. Обвинителката Карла Дел Понте беше првата која јавно проговори за злосторствата сторени таму.

Во Хаг почна судскиот процес против раководството на ОВК кое е обвинето за злосторства. На обвинителната клупа се бившиот косовски претседател Хашим Тачи, бившиот спикер Кадри Весели и Јакуп Красниќи, тогашен портпарол на ОВК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.