Груби вели дека тоа е работа всушност на Советот на обвинител. Ова е забелешка на Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јули, 2019 15:53

Груби: Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Артан Груби, пратеникот на ДУИ истакна дека не е работа на Собранието или Владата да одредуваат кој ќе биде прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да го наследи СЈО.

Артан Груби истакна дека Заев нема право да одреди кој ќе биде прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да го наследи СЈО.

Груби вели дека тоа е работа всушност на Советот на обвинител. Ова е забелешка на Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.

-Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред 4 години, гледаме сега што излезе. – додава Груби.

Груби од името на ДУИ порача дека партијата го смета новиот закон како добра основа за компромис кој треба да се постигне со парламентарна дебата. Главно се задоволни од решенијата за трансформацијата на СЈО во редовното државно обвинителство.

За потсетување, пред неколку дена на прес конференција премиерот Заев предложи СЈО да стане ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција во рамките на државното Јавно обвинителство. Предлогот е Вилма Рускоска да го води ова обвинителство кое треба да ги преземе и предметите, обвинителите, истражителите и архивите на СЈО.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести