Груби по превземањето на функцијата изјави дека денеска имале мала координативна средба со сите негови колеги, предложени и избрани од страна на Собранието за министри во новата Влада пред да тргнат заеднички на традиционалниот состанок со претседателот Стево Пендаровски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 18:05

Груби: Со Заев ќе работиме заедно, ние сме веќе едно!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешното примопредавање на функцијата премиер на државата, на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, должноста за прв вицепремиер и министер за политички систем ја превзеде и Артан Груби кој посочи дека целта на оваа влада ќе биде консензуалното носење одлуки.

Артан Груби денеска ја презеде функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем…

Груби по превземањето на функцијата изјави дека денеска имале мала координативна средба со сите негови колеги, предложени и избрани од страна на Собранието за министри во новата Влада пред да тргнат заеднички на традиционалниот состанок со претседателот Стево Пендаровски.

Груби пред новинарите посочи дека се едно со Зоран Заев зошто, потенцирајќи,„ ние веќе сме една Влада, заедничка Влада и заедно сме во тој Кабинет“.

– Имавме мала координативна средба со колегите од ДУИ па заеднички да отидеме кај претседателот Стево Пендаровски. Секако, дека премиер е Зоран Заев. Ова е коалициска Влада и како што можете да видите и во коалицискиот договор и во Програмата на Владата, консенсуално и заеднички одлучуваме сите како колективно тело за доброто на сите граѓани и имплементирање на Програмата, појасни Груби.

По изјавата на Груби, премиерот Заев посочи дека несогласувањата кои ги имале двете партии во кампањата се надминати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести