Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани.

Објавил: Владо Марин | 29 јули, 2020 21:01

Груби ја демантира Коха: Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, детали не се договорени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако Коха објави дека е веќе направен договор за коалиција и дека таа ќе се официјализира по 4 август меѓу Заев, Ахмети и Билал Касами, реагираше генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби.

Тој на Фејсбук објави дека кога ќе има нешто конкретно, ќе ја известат јавноста.

-ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги развива со вклучување и известување на граѓаните.

Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено.

Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани, потенцираше Груби!

Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, напиша Груби.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.