Беа усвоени статутарни измени со кои освен прашањето за почесен претседател се уредуваат и други.

Објавил: Владо Марин | 22 јули, 2020 9:18

Груевски веќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Никола Груевски повеќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ваква одлука донесе Централниот комитет на партијата на состанокот синоќа!

Беа усвоени статутарни измени со кои освен прашањето за почесен претседател се уредуваат и други.

„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели.

Такво нешто статутот не предвидува“, изјави Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, исто така, кажа дека е ограничен и мандатот на претседателот на партијата на четири години.

„ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот која што со статус го ограничува бројот на мандати на високи на функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата.

Во иднина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде подржан од 2/3 од телата кои што го бираат во конкретниот случај кога говориме за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е конгресот“, кажа Тошковски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести