Никола Груевски, осуден на две години затвор за незаконска набавка на луксузен „мерцедес“ со парите од МВР.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 април, 2019 16:37

Груевски: Вие што се уште му верувате на Заев, бидете живи и здрави

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на Република Македонија,Никола Груевски, осуден на две години затвор за незаконска набавка на луксузен „мерцедес“ со парите од МВР, моментално е во Унгарија каде побарал политички азил. Информацијата дополнително беше потврдена од унгарското Министерство за внатрешни работи.

Поранешниот премиер Никола Груевски, на својот Фејсбук профил се обрати до граѓаните кои му веруваат на актуелниот премиер Зоран Заев

Во последниот период тој е многу активен на социјалните мрежи. Тој последно сподели вест од порталот Инфомакц каде се обраќа до граѓаните кои му веруваат и го изгласаа сегашниот премиер Заев.

,,Во светот постојат два вида луѓе. Оние кои сакаат да знаат и оние кои сакаат да веруваат…
…понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат вистината бидејќи не сакаат да им се уништат илузиите,,
(Фридрих Ниче) Сите Вие кои се боревте за него и му верувате…и сеуште му верувате…на лагите, на секојдневно свесно и со умисла искажаните лаги.Се сеќавате ли на ветувањата, на слатките лаги на ,,спасителот,,? На оние 600 километри автопат во 4 години мандат, на градбата на новиот клинички центар, повисоки плати, пензии, социјална помош, гасификација, чист воздух во зима, плати од 100 илјади денари за лекарите, решение на името без смена на уставот и промена на идентитетот, на носењето на правдата, солидарноста, на враќање на младите од странство, враќање на 600 илјади иселени, на вработување на најспособните во администрацијата, на доаѓањето на животот.Помал проблем е што тоа го нема. Поголем е што го нема и она што го имаше. Бидете живи и здрави, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.