Во вестите во 16 часот на телевизија „Сител“ оди најава дека ќе имаат интервју со како што велат, со поранешниот премиер и азилант во Будимпешта Никола Груевски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2019 12:59

Груевски денеска ќе има интервју за СИТЕЛ во 16 часот

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Поранешниот премиер Никола Груевски попладне за прв пат по бегството во Будимпешта, Унгарија, ќе се појави во македонски медиум.

Во вестите во 16 часот на телевизија „Сител“ оди најава дека ќе имаат интервју, со поранешниот премиер и азилант во Будимпешта Никола Груевски.

Министерот Спасовски и претседателот на судот до ден денс си ја префрлуваат одговорноста, како Груевски ја напушти државата.
Македонските органи ги чека долга и напорна битка со унгарските колеги околу барањето за екстрадиција.

Никола Груевски цело време и ветуваше  на Македонската јавност дека нема да избега, бараше да го затворат во замена за сите други обвинети, најавуваше победа на избори но на крајот побегна во Будимпешта. Се надеваме дека во денешното интервју Никола Груевски ќе открие како и на кој начин ја напушти Македонија и побегна во Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.