Партизаните се бореа за слободна Македонија и за реализација на идеалите на Делчев, Груев, Питу, Јане, Карев и останите чии имиња на чети ги носеа и чија жртва беше нивната водилка.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 5:43

Груевски: Денес има повеќе политички прогонети во Македонија од страна “македонската власт”, одколку на 11.Октомври 1941

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со статус на социјалните мрежи, по повод 11. Октомври, се огласи и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски! Тој вели дека партизаните се бореа за слободна Македонија и за реализација на идеалите на Делчев, Груев, Питу, Јане, Карев и останите чии имиња на чети ги носеа и чија жртва беше нивната водилка.

„Денес има повеќе политички затвореници и политички прогонети лица во Македонија од страна “македонската власт” одколку на 11.Октомври 1941 година од окупаторската.

Жртвите се оние кои не се согласуваа со кршењето на уставот и законите по однос на националните прашања, промената на името Република Македонија и уставот со таа цел, како и промена на идентитетот и историјата на Македонците, по теркот и како што бараа некои други.

Најголемиот дел се припадници или подржувачи на една политичка опција со која повеќе од една деценија пружија аргументиран и правичен отпор зад кој стоеја убедливото мнозинство Македонци.

Тие се сега одбрани, со прогонот врз нив, власта да демонстрира сила и пример, за останатите да живеат во страв дека и ним може да им се случи истото доколку посериозно им се спротистават во било што, вклучително и во понатамошното тргувањето со базичните национални интереси со кои некој сака да го оствари сонот кој некогаш неуспеал да го реализира со пу шка и присилно.

Слава и чест на партизаните кои се бореа за ослободување од фа ши стичкиот окупатор и за создавање македонска држава.

Нивната борба, на тие илјадници за гинати и преживеани во војната храбри борци беше херојска и таа не треба да биде засенета од подоцнежното недемократско и св ирепо владеење на комунистичкиот режим кое без милосно се пресметуваше со неистомислениците и со патриотите.

Партизаните се бореа за слободна Македонија и за реализација на идеалите на Делчев, Груев, Питу, Јане, Карев и останите чии имиња на чети ги носеа и чија жртва беше нивната водилка.

Тие генерации, како и генерациите кои половина век претходно се бореа и се жртвуваа, заслужија држава.

Направија историја, го зацврстија идентитетот и го издигнаа името до степен секој слободно и со гордост да кажува Македонија и Македонци и така сите да не нарекуваат. Не се помирија, го поразија и избркаа окупаторот. Се изборија за слободата и за државноста.

Нека е честит празникот 11 Октомври денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Да се избориме вечно да го славиме таков каков што бил а не како што некој сака да ни наметне невистини за наводна граѓанска војна наместо востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, вели Груевски во објавата на фејсбук!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.