Јас бев и сум голем поддржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, нашето место е таму и во сојуз со Америка, се огласи бившиот премиер на Р. Македонија Никола Груевски.

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2019 19:00

Груевски до пратениците: Оваа ноќ е последна шанса да се премислите и националниот да го ставите пред личниот интерес!

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Груевски пред две години со порака: Го повторувам ова заради една причина, да не ни се случи грешка, да не кажете после „што не кажавте“, па „не знаевме ние“, па „вие требаше да ни кажете“, „вие сте политичари и треба да ни отворите очи, не сме сите должни да следиме политика и се да предвидиме.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил им порача на пратениците дека оваа ноќ е последната шанса да се премислат и националниот интерес да го стават во прв план пред личниот интерес, бидејќи се работи за иднината на Македонија и Македонскиот народ.

Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата…Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор кој за нив е целосен триумф а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа напиша на својот Фејсбук профил екс премиерот Никола Груевски. Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.

Секому стана јасно дека без национално предавство во минатото договор со Грција не бил можен и дека се што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните материјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.
Преку спречувањето да формира влада по изборите во 2016та, незаконското назначување претседател на парламентот, преку судските прогони кон стотици политичари и нивни соработници, притворања, апсења, ненадејни ослободувања од притвори, закони за амнестии, прогонот кон мене лично со фабрикувани обвиненија, и редица други работи со кои на крајот ги скршија законите, основните принципи на однесување и работење и темелните морални вредности во Македонија, со што како ,,нус ефект,, се создаде атмосфера иселувањето од Македонија да стане пет пати поголемо од претходно.
Се направи се, за најпрво да се изгласа штетниот договор со Бугарија па не уставната двојазичност и конечно главната работа заради која беше осмислена целата операција: промената на името со марионетска влада и пратеници.

Груевски пред две години со порака: Го повторувам ова заради една причина, да не ни се случи грешка, да не кажете после „што не кажавте“, па „не знаевме ние“, па „вие требаше да ни кажете“, „вие сте политичари и треба да ни отворите очи, не сме сите должни да следиме политика и се да предвидиме.“
Затоа го повторувам ова, бидејќи ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад. Кога нешто ќе се згреши од ваков карактер и ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење, нема „што не ми кажа, што не ме потсети, што не ми рече“.
Сега ви кажуваме, да си знаете, ова важи и за вас тука, и за сите по медиуми што не следат или преку интернет. Ви кажуваме многу отворено и многу јасно, што и следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио.

За жал, големите политички прашања не секогаш можат да решат со правни инструменти. Според силата на поредокот пред векови е констатирано дека прва е војната, втора е политиката па на трето место е правото. Гледаме на дело со стотици примери во последните речиси две години, како политиката го суспендира правото. Или уште по валканото, како правото се стави во функција на политиката.
Но, тоа не е веќе демократија.
Јас бев и сум голем поддржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Нашето место е таму и во сојуз со Америка. И бев за концепт за разумен компромис за таа цел. Тој концепт со овој договор е мртов.
Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата воља, по секоја цена и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира, кој ќе и се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеника.
За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно….барем јас знам.
Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, воља и време, за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ.
Не заборавајте дека ставате ,,црн печат,, на една 140 годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на македонците. Или поинаку кажано да се затвори, но не на штета на македоците.

Тоа е во ваши раце. Од Вас зависи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.