После сите скандали кои се кренаа околу ликот и делото на Никола Груевски во јавноста, очекувано беше целосно да се повлече од политиката. Но тој не престанува да изненадува

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 8 март, 2020 12:34

ГРУЕВСКИ Е ГЛАВЕН СОБИРАЧ НА ГЛАСОВИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на престојните избори

Фото/Текст извор: ©магазин

Беше страв и трепет, си ја прошири својата матрица насекаде, си создаде огромно гласачко тело. Па го турнаа од власт „бомбите“ на Заев, па преживеа шарени револуции, па учествуваше во монтиран судски процес, па избега во Будимпешта и тек сега почна сериозно да се занимава со политика.

На ова фотографија се гледа начинот на кој е уреден профилот на Никола Груевски на фејсбук. Пред нееговиот профил на кој има голем број следбеници агитира за гласови за ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори.

Ако отворите да го прегледате профилот на Никола Груевски на фејсбук ќе видите дека освен фотографија од него на профилот, стои и огромна фотографија со логото на ВМРО-ДПМНЕ во позадина. Никола Груевски останува верен на ДПМНЕ и дава огромна поддршка за престојните избори. Со сите сили одработува за својата партија, агитира, пишува, собира гласови. Од исклучително значење е изгледа тоа да дојде до промена на власт, бидејќи за нашиот политички бегалец ќе заврши агонијата и ќе може да се врати дома во својата најсакана татковина. ВМРО-ДПМНЕ уште не се огради од Никола Груевски после сите скандали кои се случија околу него, па затоа СДСМ уште ја користи приликата да го спореди Мицкоски со Груевски. Тоа е една од неколкуте работи за која на Мицкоски „може да му се фатат“ тие од СДСМ. Но сепак факт е дека многу политички поени се губат кај независните поради присуството на ликот и делото на Никола Груевски во ВМРО-ДПМНЕ. 

Додека тој од Будимпешта кралски го поздравува секој обид на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, во јавноста вријат скандали во кои и тој се споменува и врти. Имено пред неколку дена на youtube беа објавени снимки од разговори во кои се слуша како Антонио Милошовски разговара со Јово Вангеловски околу судски случај кој треба да биде наместен во негова корист. Се шпекулира кој го снимал, дали странски служби, дали ДБК и Мијалков, дали З.З. Сепак во јавноста се прошири верзијата дека Никола Груевски бил опседнат со воспоставување контрола над своите сопартијци, па нарачувал снимки, ја проверувал нивната лојалност кон него. Снимки завршиле во СЈО, кој ги прибавил, зошто, до кога ќе се уценува и манипулира со нив, уште не се знае. 

Во целата скаламерија изгледа Јово е најуценет, од сеејач на правда до угнетувач во анусите на вмровците, а сега и се смирил со Заев и се договорил како што можевме да слушнеме по „бомбите“ кои му ги испука Милошовски. Бомби ко бомби, биле набавени од некој фин и добронамерен тип што се занимава само со јавен интерес , анонимен укажувач би рекол Милoшовски. Ех тие анонимни укажувачи, ем ти прават услуга, ем те местат кај спротивните. Кои педери од луѓе, мајко мила. 

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...