Груевски во својот пост посочи дека не постои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија се додека државата функционира како што вели по принцип на мафијашка држава каде власта контролирајќи го обвинителството и судот своите најважни преставници ги ослободува од гонење (освен оние со кои самата ќе одлучи да ги елиминира од сосема други побуди), а истите институции преку фабрикувани случаи ги користи за гонење на политичките неистомисленици и каде пресудите на судот ги носи и испорачува еден човек или неговата најблиска структура.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 18:19

Груевски: Заев вршеше притисок врз судот- одлуката на Врховен не е изненадување!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за “Тенк”, кој е само дел од поширокиот и интензивен политички прогон на власта, напиша денеска на својот официјален Фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.

За случајот „Тенк“ на сега веќе пропаднатото СЈО, Груевски е осуден на затворска казна од 2 години. Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блендирано возило кое „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз врховниот суд а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија.Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна.Ситуацијата дојде до тој степен на страв кај судиите, што во некои предмети судот се плаши дури да прифати и сослуша барем еден сведок предложен од одбраната а ги прифаќаат сите предложени сведоци од обвинителството. Ова од причина што ако прифатат и сослушаат сведок на одбраната може да се доведат во непријатност во однос на пресудата која се свесни дека неправично мораат да ја донесат но чуствуваат дека ако не ја донесат ќе имаат лични последици. Таков е на пример случајот во предметот за протестите во Центар, каде сите сведоци на обвинителство се прифатени и сослушани а ниту еден од оние кои јас ги предложив или пак подоцна адвокатот назначен по службена должност од страна на судот.

Груевски во својот пост посочи дека не постои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија се додека државата функционира како што вели по принцип на мафијашка држава каде власта контролирајќи го обвинителството и судот своите најважни преставници ги ослободува од гонење (освен оние со кои самата ќе одлучи да ги елиминира од сосема други побуди), а истите институции преку фабрикувани случаи ги користи за гонење на политичките неистомисленици и каде пресудите на судот ги носи и испорачува еден човек или неговата најблиска структура.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести