Зоран Заев знае дека јас не сум организатор на насилно влегување во парламентот и физички пресметки во него.
Знае и свесен е дека нема никаков доказ за тоа, затоа што тоа е невистина.

Објавил: Перо Милчин | 27 ноември, 2020 16:02

Груевски: Заев е “влезен е во филм” мислејќи дека вечно ќе биде премиер или ќе има ваква моќ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Никола Груевски бил главниот организатор на 27 април, а не Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, сведочеше денеска премиерот Зоран Заев во судница. Тој имал сознанија дека овие обвинети се изманипулирани Груевски.

По сведочењето на Заев, на социјалните мрежи со коментар се јави екс премиерот Никола Груевски, кој напиша дена Зоран Заев има патолошка омраза кон него бидејќи дал лажна изјава со држење на политички говор во судот!

Заев уште еднаш ја покажа својата патолошка омрза кон мене нечесно давајки лажна и би рекол гнасна изјава со држење политички говор во судот дека јас сум бил организатор на настаните од 27 април 2017 година.
Тој денес уште еднаш јавно покажа дека е промотор на овој длабок и интензивен политички прогон врз мене каков што одамна не се случил во македонската историја.
Токму тој, понекогаш во соработка со други негови соработници, лично го осмислува и го нарачува прогонот против мене, често и кон мои блиски соработници со цел да ги притисне и уцени да бидат сведоци во неговиот нечовечки нагон да ми направи најголеми можни штети, понижувања, апсења, судења, пресуди, затвори и секаков друг вид малтретирања.

Има повеќе причини за тоа, а едно од тие сигурно е што јас сум антипод на неговите политики на промена на уставното име, идентитет и историја на македонскиот народ, но и антипод на неговите безидејни економски политики и редица други политики и резултати.
Добро е што јавноста знае колку тежи зборот и колку е искрен со јавноста и со сите околу него, бидејќи постојано и безмалку континуирано јавноста, граѓаните се сведок на неговите лаги и лажни ветувања, вели Груевски!

Од она што го дознавам во последните месеци на многу негови блиски и не многу блиски им говори дека во овој мандат ќе направел најголеми можни напори и активности да ме затворел, употребувајќи секакви можни и најбрутални методи. И во тоа е постојан и посветен. Од лажни и паушални сведочења како денешното, изнуда на изјави и сведоци, следења, заплашувања, уцени, притворања и други дивјачки методи кон моите блиски и соработници, па до креирање на нови судски случаи, диктирање на пресуди на судиите на сите нивоа а потоа и нивно наградување за послушноста, давање задачи на обвинителите и инструкции на контролираните од него медиуми.

Зоран Заев знае дека јас не сум организатор на насилно влегување во парламентот и физички пресметки во него.
Знае и свесен е дека нема никаков доказ за тоа, затоа што тоа е невистина.

Тој знае дека ниту обвинетите на чие судење беше денес повикан како сведок, на кои исто така по негова нарачка им судат, не нарачале насилство од било каков вид, независно дали е насилен влез во собранието или употреба на физичка сила кон пратеници, ниту организирале тероризам. Тие се обвинети како и многу други, со цел да бидат исплашени, да паднат со духот, да бидат уценети и скршени и да прифатат да бидат негови соработници во гнасното сценарио за неправеден прогон кон мене, кое откако не му помина се обидува да го поправи впечатокот за неговите валкани игри во нивните очи.
Тие се невини. Тие не се ниту организатори, ниту изманипулирани ниту можеле да организираат терористички акт кој не се случил.

Како што и оние кои се во затвор а кои се осудени со лажна и невистинита квалификација за тероризам.
Со судските процеси кон многу мои соработници, Заев очајно бара сојузници, бара луѓе кои или се исто како него измамници или се малодушни и уценети па очекува да прифатат да му бидат слуги во овој политички прогон кон мене.

Тој очајно работи на тоа на секаков начин, некаде со добро и со убедување, понуда или ветена награда, некаде со лошо, со закани, заплашувања, притисоци, уцени и апсења. Праќа луѓе, пораки, понуди, ги притиска обвинителите и судиите и едноставно и очигледно мојот прогон му е во врвот на неговите приоритети и непрекинато е силно посветен и мотивиран на тоа.

Заев исто така е свесен дека ниту некому сум рекол да организира или да влезе во собранието и изврши насилство, ниту сум помислил такво нешто. Тој знае и дека доколку тоа сум го имал направено невозможно е тоа да се скрие. Тој денес не кажа некакви факти или сериозни докази за тоа како и на кој начин тоа сум го направил, туку паушално и со политички говор по којзнае кој пат ме обвини за нешто за што немам никаква вина. Оваа патолошка омрза на овој човек кон мене, како и на дел од неговите соработници, како и посветеноста да ми направи колку што е можно поголемо зло е соодветна за лекарска анализа и медицинско проучување.

Сега особено кога е на почетокот на нов мандат, “влезен е во филм” дека ќе е вечно со ваква моќ како сега, дека е семоќен, дека може се што ќе науми да направи и секого што ќе посака да уапси, уништи, извалка или елиминира и дека толку многу ќе ми наштети што никогаш нема да можам да се извлечам од тоа. Таквите нечесни намери нема да му успеат а кога еден ден ќе го свати тоа, ќе се кае, но нема да може да го избрише своето валкано минато и нечовечки однос.

Проблемите кои актуелно ги има заради силната и оправдано негативната реакција на макеоднскиот народ кон него по однос на неговите политички ставови поврзани со барањата на дел од соседите, го прават понервозен, по гневен, по раздразнет и по зол и очигледно тоа секогаш го потсеќа на мене и моите политики во истиот дел, па посегнува по нови активности и атаци против мене, вели Груевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...