Димитров редовно го информирал Рикер за ставовите на Груевски и Милошоски (премиер и министер) со цел да му се помогне на Црвенковски (претседател) да се "продаде" името

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 14:48

Груевски и Црвенковски се карале за името, Димитров ги кодошел кај Рикер

Фото/Текст извор: ©алфа.тв/магазин.мк

Викиликс открива. Додека Црвенковски и Груевски се карале за името, Димитров ги кодошел кај амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер.

Преговарачот за името Никола Димитров му кажувал доверливи информации на амбасадорот Филип Рикер за позициите на македонскиот табор во преговорите за името, како и за меѓусебните несогласувања кои ги имале претседател Црвенковски и премиерот Груевски, ова го пишува во извештај објавен на Викиликс, до кои дојде алфа.мк.

Преговарачот за името, сега актуелен министер за надворешни работи, Никола Димитров, редовно го информирал амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер за сите ставови на Никола Груевски но и министерот Антонијо Милошоски.

Во документот каде се опишува средба Димитров – Рикер од 30 септември 2008 пишува дека, македонскиот преговарач за името, на амбасадорот му ги прераскажал координативните состаноци меѓу Црвенковски и Груевски, на кои според Димитров, двајцата едвај зборувале меѓу себе и дека имале фундаментално различни пристапи.

„Двајцата лидери ескалираа со реториката во медиумите, Црвенковски го обвинува Груевски дека не пристапува сериозно и одговорно во насока на напредок на преговорите, додека пак Груевски одговара дека претседателот всушност намерно создава контраверзии за да си го подобри политичкиот рејтинг бидејќи му се ближи крајот на мандатот и се подготвува за враќање во СДСМ.“ – пишува во документот на Викиликс.

Во депешата што Рикер ја испраќа до ЦИА, Стејт Департментот и другите американски институции подвлекува информација која што Димитров му ја кажал во строга доверба, а тоа е дека Милошоски одбил да има одвоена средба со Нимиц, откако Црвенковски го отстранил од состанокот со посредникот на Обединетите нации.

Димитров го информирал Рикер и за поединечните ставови на Црвенковски и Груевски во однос на процесот на преговори со Грција.

Димитров реферирал дека министерот Милошоски одбива да има тајна, одвоена средба со медијаторот Метју Нимиц, но и дека Груевски внимава на зачувување на националниот идентитет и името а Црвенковски е повеќе за ЕУ и НАТО по секоја цена.

Според Викиликс, преговарачот пред амбасадорот зборувал дека Црвенковски не верувал во сигурна иднина за Македонија без да стане членка на ЕУ и НАТО и притискал Владата да направи договор за името. За Груевски пак рекол дека помалку важни му биле интеграциите во ЕУ и НАТО, а поважно му било да не биде македонскиот лидер кој го загубил уставното име и идентитет.

Во депешите Рикер знаел дека Димитров е поблизок до Црвенковски, а поради несогласувањата со Груевски во претходните месеци, на средбите со Нимиц редовно бил придружуван од шефот на кабинет на премиерот.

Амбасадорот забележува дека личните политички амбиции и непријателско однесување меѓу политичките чинители во процесот не треба да се потценат воопшто, во фаза во која Нимиц се подготвува да презентира „земи или остави“ предлог пред Атина и Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.