Бегството на Груевски не обезбеди ни поддршка за уставни измени ни постабилна власт на Заев, дотолку повеќе и со активна покана за затвор, Груевски е на чекор да ја сруши владата

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 8:41

Груевски не пребегал само низ Сараево! Тирана, Подгорица и Белград, потврдија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Организацијата и реализацијата на бегството на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, очигледно го знаеле сите земји на Балканот.

Прва се огласи Унгарија, која потврди дека поранешниот премиер преку барање политички азил за политички прогон, во амбасада, но не во Скопје, туку во соседна земја, добил асистенција за пребегувањето.

Груевски успешно го реализираше своето бегство по што извесно е дека политичкиот систен на владеење на Заев ќе добие ознака на режим кој врши политички прогон на неистомисленици, нешто што ни премиерот ни министерот Спасовски не го очекуваа, додека министерот Димитров сеуште не може да се помири со фактот.

Унгарските власти потврдуваат дека Груевски моментално е во Будимпешта и чека на одлука дали одделението за миграција ќе му додели азил.

Како стигнал Никола до Унгарија?

Прва беше информацијата дека пребегал од Скопскиот аеродром со приватен лет. Секако МВР и Премиерот Заев, знаеле дека планот за бегство се подготвува, но се оправдаа дека не можеле да апсат слободен човек без упатен налог за затвор.

Откако се шпекулираше со крајната дестинација, самиот Груевски на социјалните мрежи ги извести и своите фанови и македонските власти каде е сега.

Следна информација беше дека пребегал преку нелегален граничен премин кој Спасовски го знае ама не може да го обезбеди во Србија, од каде со поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, пристигнал во Унгарија.

Земјите од регионот не го исмеваат бегството на Груевски колку сериозно стојат на ставот дека согласно билатералните спогодби, на легален начин лицето Никола Груевски ги преминало сите гранични премини со лична карта, како МВР на Македонија никаде не пријавило дека лицето не смее да патува.

Се отвори прашањето како без патни исправи патувал Груевски?

Власта се обиде со информацијата дека има бугарска патна исправа, веста дека тоа е лага лично на Заев му ја соопшти Бојко Борисов, премиер на Бугарија, кратко коментирајќи дека Никола Груевски никогаш немал ни легитимен ни купен пасош на неговата земја.

Се огласи и радикалот Војислав Шешељ, кој потврди дека акцијата за спроведување на Груевски низ Србија ја реализирале радикалите и четниците верни на татковината.

Власта повторно шпекулативно инфорнираше дека Груевски облечен во жена успеал да пребега на Македонско – српската граница.

Синоќа властите на две држави со исто така официјални информации дека Груевски пребегал преку нивна територија.

Имено Албанија тврди дека Груевски уредно влегол на граничен премин со лична карта, и дека во системот никаде не стоело дека има потерница за него и дека некој трага. Од граница до Тирана се возел со дипломатско возило на унгарската амбасада, по што ги поднел документите за азил.

Власта во обидот да го прикрие своето премолчено одобрение па и организирање на бегството на Груевски, лиферува со информации кои инстант и се демантирани. Во СДСМ врие од незадоволни функционери кои бараат одговорност и од Заев и од Спасовски.

Во саботата на 10 ноември, додека судскиот курир но и полицијата на Спасовски имаа мирен викенд, Груевски веќе бил во Тирана, а доцна ноќта според официјални изјави на властите во Црна Гора ја преминал нивната граница.

Проблем во официијалните изјави е што ниту Албанија ниту Црна Гора немаат излезни а имаат влесни забелешки на граничните служби за лицето Никола Груевски.

Сепак сите држави се едногласни дека со документи за политички азил и само со лична карта, Груевски за завртил турата, Тирана – Подгорица – Белград и пристигнал на Унгарската граница каде бил пропуштен согласно поднесокот за азил.

Властите во Сараево саркастично коментираат дека Груевски не бил и кај нив.

Иако изрежирано и крајно мотивирано во поддршка на уставните измени, бегството на Груевски на крај се врати како лоша карма кон власта на Заев, која обвинувајќи еден човек за режимско владеење, сега се соочува со осуда за режимски прогон на ниво на Европската Унија.

Патешествитето сепак отвара нови прашања, особено откако партискиот портпарол и владини функционери го прозваа ВМРО – ДПМНЕ и актуелниот претседател Христијан Мицкоски дека посредувале со официјален Белград за бегството на Груевски.

По официјалните потврди дека Груевски поминал не две туку пет гранични премини само со лична карта при што никаде не бил системски евидентиран како лице кое не смее да патува, вината повторно се враќа кај организаторите на бегството, премиерот Заев и министерот Спасовски.

Спасовски дотолку повеќе треба да одговори како оценил дека треба да го прислушкува и следи Јанакиески но не и Груевски.

Шпекулациите не застануваат тука. Сега власта лиферува со информации дека Будимшешта е параван за новата дестинација на Груевски, кој како крајна цел ги има Анкара, Москва и можеби Тел Авив. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.