Тој се наоѓа на Избирачкиот список во петтиот дистрикт на главниот град на државата во која доби азил благодарение на неговиот пријател, премиерот Виктор Орбан.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 октомври, 2019 22:09

Груевски пронајден како гласач без адреса во Избирачкиот список за локалните избори во Унгарија!

Фото/Текст извор: ©civilmedia.mk

Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер кој побегна од затворска казна во Унгарија, каде што му беше одобрен азил, објави civil media.mk.

Независниот веб портал 24.hu јавува дека Никола Груевски се стекнал со право да гласа на локалните избори во Унгарија в недела. Тој се наоѓа на Избирачкиот список во петтиот дистрикт на главниот град на државата во која доби азил благодарение на неговиот пријател, премиерот Виктор Орбан.

„Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и возраста, 49 години, се совпаѓаат со оние на поранешниот македонски премиер кој побегна од затворска казна во Унгарија, каде што му беше одобрен азил“ – се вели во текстот објавен пред неколку часа. Според изворите на порталот, овој нов гласач во Избирачкиот список има легитимација од Петтиот дистрикт, но без адреса.

Понатаму, се објавуваат општо познатите информации за неговото владеење и причината поради која тој доби затворска казна, но побегна од земјата со помош на унгарските дипломати, како што се наведува во текстот.
Unhack Democracy Europe, унгарска организација која го застапува интегритетот на гласачите и се залага за слободни избори во Унгарија, го тагна ЦИВИЛ и го сврте вниманието кон оваа информација.

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, ги поддржува напорите за јакнење на гласачкото право како едно од фундаменталните човекови права.

Веќе подолго време, од Унгарија доаѓаат загрижувачки извештаи за манипулации и кршење на гласачкото право за време на изборните процеси. Организациите за човекови права и слободните медиуми постојано известуваат за тоа дека премиерот Орбан спроведува политики и практики слични на оние што неговиот пријател Груевски ги спроведуваше во периодот на своето режимско владеење од 2006 до 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести