Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јуни, 2019 13:30

ГРУЕВСКИ СЕ ЈАВИ ОД БУДИМПЕШТА: “Тоа денес беше стандардна процедура„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Екс премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучуваше за неговата екстрадиција. Тој веднаш после рочиштето се огласи на социјалните мрежи и напиша дека тоа било стандардна процедура.

На денешното рочиште во Будимпешта, Груевски најмногу ги привлече новинарите со изгледот каде појави со безбол капче и очила за сонце.

Груевски веднаш после рочиштето се огласи на социјалните мрежи и напиша дека денеска беше спроведена стандардна процедура на институциите во Унгарија.

Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.
Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати.

Република Македонија бараше екстрадиција на Груевски за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на блиндираниот мерцедес во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните во Собранието од 27 април.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести