СЈО повторно излезе од своите ингеренции, па го прекрши член 2 од Законот за СЈО по кој не може да отвора постапки за лица и случаи кои не се од периодот 2008 - 2015 година

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 8:49

Груевски, СЈО не може да дише без мене, Георгиевски, јас не сум пиел пиво

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, излезе со реакција за најновата истрага на СЈО.

Предметот “Поштенска банка” како нова истражна постапка на СЈО, за која како што вели не бил информиран дека се води предистрага, ниту, пак, бил прашан за нешто.

Тој таму се споменува во својство на министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски.

Повторно, иако не ме внесуваат во истрагата, СЈО ме спомнуваат дека пред 17 години сум учествувал во нешто за што во тоа време, ниту како министер сум имал ингеренции да учествувам, ниту најголем дел од луѓето во тоа време лично сум ги познавал, ниту знам што и дали воопшто имало нешто противзаконско, ниту пак на било кој начин сум учествувал. СЈО или било кој друг досега не ме информирал дека се води предистражна постапка за ова, ниту ме прашал нешто за тој предмет. Очигледно, ако во ова време на политички прогони и хајки, не се спомне моето име, СЈО не го чуствуваат доволно атрактивен предметот кој го работат. – пишува Груевски во неговата реакцијата.

По него се обрати исто така поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.

Имено поранешниот премиер на Република Македонија и основач на ВМРО – ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски се огласи на социјалните мрежи откако СЈО ја објави новата истрага “Поштенска банка”, во која тој бил опфатен за делото злоупотреба на службената положба и овластувања, но поради застареност нема да се гони кривично.

И пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка, а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено. Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име. – напиша Георгиевски.

Согласно Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ова обвинителство нема ингеренции за дела сторените дела за кои отвори предистражна постапка.

Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

Член 2

(1) „Неовластено следење на комуникации” се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година.

(2) „Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите” е јавниот обвинител избран согласно со членот 3 од овој закон за истражување и гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (во натамошниот текст: јавниот обвинител) согласно со ставот (1) на овој член.

(3) „Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите” е Обвинителството со кое раководи јавен обвинител како што е дефинирано во ставот (2) на овој член, вклучувајќи ги јавните обвинители избрани во ова Обвинителство, истражители, експерти, стручна и административна служба

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести