Груевски за јавноста открива дека Ружин извесно време го молел да биде што подолг период негов соработник. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 15:42

Груевски удри по Нано Ружин: Тој е “дилајла” од редок калибар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По изјавата на Нано Ружин дека новите правила за процесот за проширувања Макрон ги смислил “заради такви како него , односно да не му се појавеле како што вели Нано, “диктаторчиња како Груевски”.

Нема многу такви трагични и истовремено комични ликови на македонската политичка сцена каков што е Нано Ружин, една “дилајла” од редок калибар, вели поранешниот премиер Никола Груевски во негов ФБ статус.

Нема многу такви трагични и истовремено комични ликови на македонската политичка сцена каков што е Нано Ружин, една “дилајла” од редок калибар, вели поранешниот премиер Никола Груевски во негов ФБ статус.

Груевски за јавноста открива дека Ружин извесно време го молел да биде што подолг период негов соработник. 

Паметам дека своевремено Нано Ружин молеше да остане мој соработник што подолго и тогаш говореше спротивно од ова. Тој си знае кога лажеше, тогаш или сега, пишува Груевски. И додава дека со оваа изјава Нано има повеќе цели, од кои примарна во моментот е да му се додвори на неговиот актуелен газда Фијат Цановски и тоа во време кога овој “елоквентен” бизнисмен јавно се конфронтора со екс-премиерот, крајно разочаран што му се одложило планираното “пљачкосување” на државниот и народен буџет преку судските органи, за околу 40 милиони евра, преку криминална шема на “поделба на пленот” со сите актери кои треба да помогнат во оваа валкана операција на грбот на народот.

Груевски во постот вели дека памети како Нано Ружин му се додворувал со пофалби и лигавења.

Па така, повторното појавување во јавност и нападите кон мене од страна на Нано, ме присетија на годините кога ми беше непријатно да седам покрај Нано и да ги слушам неговите непрекинати, хиперболизирани, лицемерни и додворувачки поетични пофалби како за мене, така и за владата која ја предводев, “лигавења” кои единствено можат да се мерат со истите од тогашниот амбасадор Никола Димитров.

Упикувач и вовлекувач од редок вид. Срам – нула. Интегритет-никаков. Образ-ѓон. Драмски лик. Може во секој миг да влета во некоја политичко-сатирична пиеса на Нушиќ или Гогољ и одлично се вклопи во улога на дворски поданик или некој од оние користољубиви опкужувачи на некој кој има одредена моќ, и при тоа просто да не приметиш дека е уфрлен во пиесата.

Нема многу такви трагични и истовремено комични ликови на македонската политичка сцена каков што е Нано Ружин, една “дилајла” од редок калибар. Патолошки зависен од функција, особено амбасадорска, но не би одбил никаква, каква и да му се понуди. Одлучен и ,,родено дете,, да продаде за да е на функција и секогаш спремен “сериозно” да ја објасни оправданоста на таа постапка. Моралните вредности кога треба да добие или продолжи функција за него имаат тежина и важност како мало парче тоалетна хартија. Сум сретнал и по некој друг амбасадор-давеж, ама давеж и вовлекувач од калиброт на Нано мислам не се заборава, вели Груевски.

Една од “легендарните епизоди” со Нано е кога во Букурешт траеше самитот неформално проструи информација дека Македонија не добила покана, Нано ни кажа дека ќе оди кај некој негов многу близок, добро информиран и влијателен пријател од дипломатите или од водството во НАТО да ја провери информацијата.
По 15тина минути го гледаме доаѓа безмалку со трчање. Вели: обратно е, донеле одлука да не поканат!!! Пријателот ми кажа. Сигурна информација!!!
Ние сите во делегацијата му поверувавме и за кратко се израдувавме.Тогаш почнавме да гледаме дека имаме амбасадор кој е тежок “шарлатан” и кој цело време лажно се преставува пред нас и глуми добро информиран меѓу луѓе со искрен пристап кои наивно му веруваа.

За се понатаму и за многу други детали, во некоја друга прилика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...