Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 март, 2020 13:16

ГРУЕВСКИ: Честитки за членството во НАТО- ТАМУ НИ Е МЕСТОТО, ОВА Е ДЕЦЕНИСКА ОДЛУКА, ЗАСЛУЖИВМЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И двете се децениска волја, работа и стремеж на мнозинството граѓани на Македонија и на сите поголеми политички партии. Одамна ги заслуживме, неправедно ни беа ускратени и ова е одлично за Македонија. Ќе помогне многу во иднина. Таму ни е местото, пишува на социјалните мрежи екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски на социјалните мрежи вели дека овие добри вести дојдоа во историско тешко време, кога со право постои голема загриженост за здравјето и животите кај граѓаните. Но, светот и Македонија како дел од него ќе го помине и ова. 

За најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев тој вели дека е избрзано и премногу длабоко. Но, сѐ уште има време за корекции. Тој вели дека во времето кога беше министер и премиер менаџирал многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволил намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. 

Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци.

Објава на Никола Груевски!

Не толку пандемијата од вирусот, туку начинот на кој беше решена последната препрека создадена од некои наши соседи и последиците од тоа, остава голема горчина заради која, за жал, многу наши граѓани со мешани чувства ја примаат оваа вест, наместо со полна радост и прославувајќи. Но, за тоа многупати сум се изјаснил…
За жал, овие добри вести дојдоа во историски тешко време, кога со право постои голема загриженост за здравјето и животите кај граѓаните.

Но, светот и Македонија како дел од него ќе го помине и ова. Борбата и истовремено умешноста, е тоа да биде со помалку жртви и штети кои се закануваат да бидат огромни на ниво а можеби и полоши од големата светска криза во 1929 година. И во развиените земји а уште повеќе во Македонија, доцни масовното тестирање. Голем проблем! Чувајте го здравјето и внимавајте на себе.

 Кратење на платите
Најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко.

Но, сѐ уште има време за корекции.
Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци.
Исто така не дозволивме нарушување на стабилноста на цените и девизниот курс. Ако некогаш се оцени дека неговиот режим треба да се менува, кризите не се баш најдобар период за тоа да почне, ако веќе може да се одбегне.

Иако нема увид во состојбата на буџетот и информациите на централната банка кои ме се дел од објавените, мислам дека директното кратење на основните приходи на граѓаните или дел од нив, секогаш треба да е последна опција во една земја со низок животен стандард.

Најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко.

Претходно на располагање се многу други опции и инструменти, тргнувајќи од кратењето и прекројувањето на буџетот особено во делот на материјалните трошоци, позајмување пари од различни извори во пакет со зголемување на буџетскиот дефицит и многу други за кои пишував минатиот викенд.
Секогаш досега кризите сме ги решавале главно со овие два интервенции и со многу реформски чекори и мерки кои им помагаа на компаниите и вработените во приватниот сектор, а само еднаш за време на воениот конфликт во 2001 привремено воведовме данок на финасиски трансакции. Во некои случаи дури и во кризи намалувавме даноци, царини и други давачки кон државата или привремено ги укинувавме, како на пример данокот на добивка за оние кои нема да ја распределат во дивиденда.

Дури и ако замислиме дека во некои услови и некогаш би морало да се повлече потег со платите, преголемо е ова кратење, сведувајќи ги на минимална плата, макар и за два месеца. Се чини како да советувал некој кој во економијата гледа само бројки а не и реален живот на луѓе, а заборавил и на ефектите од намалувањето на потрошувачката која и онака е во слободен пад.

Ако пандемијата и кризата потрае подолго, оваа мерка, со вакво силно спуштање на платите е неодржлива на подолг рок. Ако пак заврши брзо (мај/јуни), тогаш е непотребна и избрзана, односно може да се замени со други мерки.
Јас го разбирам концептот на солидарноста и тоа може да е неизбежен концепт во многу полоши услови од овие и во кратења со помали размери од овие.

Треба добро да се размисли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...