Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

Објавил: Весна Петровска | 7 јуни, 2019 15:25

Груевски ја достави оставката на унгарски јазик па сподели видео на Фесјбук

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Оставката на поранешниот премиер Никола Груевски е доставена во средата на 5.јуни во македонското собрание.

Груесвки ја досатви оставката до Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

– Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците, рече Џафери.

Во понеделник оставката на поранешниот Никола Груевски ќе биде разгедана од страна на претедателот на Собранието и на коориднаторите на паратеничките групи кои ќе одлучуваат дали ќе биде ставена на дневен ред на седницата во парламентот.

Груевски вчера на социјалните мрежи сподели негов говор од пред две години.

– ВМРО-ДПМНЕ беше на власт 11 години и направи крупен исчекор во секоја сфера се решија многу проблеми, се работеше многу и се добија многу позитивни резулати за многумина над очекувањата. Македонија немала влас со поголем учинок и напредок од овој период, сепак во последните години очигледно бевме предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта и покрај тоа на последните избори народот гласајќи ни даде најголема доверба, но со понатамошни напори и покрај јсната победа и покрај долгогишниот воспоставен принцип на колалицирање победник со победник меѓу партијата со најголем број освоени гласови во земјата и најголем број на гласови на албанската коалиција со прекршување на овој принцип кој беше јавно баран токму од оние кои го прекршија како и со понатамошни прекршици од деловникот законот и уставот при изборот на претседателот на Собранието и особено спротивно на волјата на мнозинството од народот во Македонија. Со примена на аргументот на силата и моќта се издејствува ново мнозинство, а наскоро и нова Влада. Непринципиелно на сила и недемократски , ВМРО-ДПМНЕ и Колаицијата за подобра Македонија направија сешто е во наша моќ до моментот до кој кога не беше јасно одејќи понатаму граѓаните на Македонија ќе имаат поголема штета отколку корист , личните и партиските интереси повторно ги ставивме под државните интереси. Главната причина на оваа надворешна операција беше нашата политика во однос на барање за фер решение за проблемот со името кое не го добивме и како резулатт на тоа се уште не ја добиваме заслужената покана за членстов за НАТО и преговорите за ЕУ кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО=ДПМНЕ , покрај оваа стратешка цел фер решение, а не наметнато решение кое ќе не обезличи како народ како нација и како држава. Од новото мнзинство очигледно се очекува поинаков пристап на ова прашање. Времеето ќе покаже кој бил во право… ова е дел од говорот на Никола Груевски во Македонското собрание пред две години.

Тој на Фејсбук под видеото напиша:

,,Времето ќе покаже кој бил во право…,,

Вака реков пред две години, во повеќе наврати во мојот говор во парламентот, за повеќе значајни работи, на денот на гласањето на владата на СДСМ.

Денес, две години подоцна можам да кажам дека времето веќе почна да покажува..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести