Уставниот суд ја започна процедурата за оценка на членот од КЗ за уставност, без одлука на надлежната собраниска Комисија, Никола Груевски правно не може да оди во затвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 8:53

Груевски ќе оди во затвор во Куманово, на 9 ноември?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски затворската казна од две години ќе треба да ја издржува во затворот во Куманово, и во него треба да се јави на 9 ноември.

Сепак, се поставува прашањето дали поранешниот премиер ќе го заштити пратеничкиот иминутет со оглед дека се работи за казна од две години бидејќи според Деловникот за работа на законодавниот дом, пратеничкиот имунитет и мандат може да се укинат само ако е пропишана активна затворска казна во времетраење над 5 години.

Воедно правниот тим на Никола Груевски поднесе и преставка за оценка на уставноста на членот од Кривичниот законик на Македонија, по кој се обвинет и осуден нивниот клиент, а за кој се смета дека не е во согласност со Уставот на Република Македонија.

Правно, Груевски пред воопшто да биде повикан на издржување затворска казна, надлежниот суд треба да достави барање за укинување на пратеничкиот мандат до Собранието на Македонија, кое на својата собраниска мандатно имунитетна комисија ќе решава дали пратеникот ќе го изгуби или не имунитетот.

Согласно Деловникот, како Груевски е осуден на ефективна казна со траење од 2 години, тој ќе остани пратеник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.