Грузија се уште не е членка на ЕУ. Ние сме независна, суверена земја која се стреми кон Европа и сака европска интеграција.

Објавил: Македонка Димкин | 5 јуни, 2023 20:43

Грузија ѝ одговори на ЕУ: Ќе воведеме санкции за Русија кога ќе бидеме членка на Унијата

Фото/Текст извор: ©Магазин

Грузија доби официјален демарш од членките на ЕУ поради неодамна обновениот воздушен сообраќај со Русија. Постојаниот претставник на ЕУ во Грузија Павел Перчински и шефовите на дипломатските претставништва на ЕУ акредитирани во Грузија пристигнаа кај вицепремиерот, министер за економија и одржлив развој, Леван Давиташвили и го изразија своето силно несогласување околу обновувањето на директните летови со Русија. „Демаршот се спроведува во име на сите 27 земји од ЕУ“, се наведува во соопштението на постојаната мисија.

Европската унија не се согласува со воспоставување воздушен сообраќај со Русија, а Грузија овој потег го нарече дел од економските односи и гарантираше дека нема да ги прекрши меѓународните санкции наметнати на Русија. Тоа не се доволни гаранции за Брисел бидејќи не ја намалуваат важноста на фактот дека Русија сега, покрај Ерменија и Турција, добива уште еден аеродромски центар кон Европа.

Од моментот на доставување на демаршот, секојдневно доаѓаа одговори од официјален Тбилиси кои го бранат правото на Грузија да носи суверени одлуки во одбрана на нејзините интереси. Од владејачките структури објавија дека прашањето за пристапување на Грузија кон воздухопловните санкции против Русија ќе биде на дневен ред по приемот на таа земја во Европската унија.

Грузија се уште не е членка на ЕУ. Ние сме независна, суверена земја која се стреми кон Европа и сака европска интеграција.

Кога ќе имаме статус, кога ќе станеме членки на ЕУ, се разбира, ќе носиме одлуки кои се во согласност со заедничките интереси“, изјави за новинарите градоначалникот на Тбилиси, генерален секретар на владејачката партија Каха Каладзе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.