Нивниот инструментариум опфаќа, кавал, гајда, шупелка, ќемане , зурла и тапан

Објавил: Македонка Димкин | 14 февруари, 2020 11:29

Групата АМАНЕТ вистинска гордост и пример како се чува традицијата!

Фото/Текст извор: ©магазин

ВИС АМАНЕТ е основан во февруари 2018 година а се со цел на зачувавање на традиионалните песни и ора во нивниот автентичен призвук со користење на традиционалните инструменти. 

Ивана Чаловкса за Магазин вели, идејата за ваков состав дојде од повеќегодишната заедничка дружба на дел од членовите, кои претходно музицирале заедно во некои други формации. Располагаме со богат репертоар, како вокален така и инструментален. Во репертоарот се застапени песни и ора од сите региони на Македонија. Наш репер е оркестар на Пеце Атанасовски кој ги поставил темелите на традиционалниот оркестар и неговиот призвук. За вокалниот дел, изборот на репертоарот зависи од два фактори: првиот е вокалните способности на нашето вокално трио, вториот е публиката а тоа значи песни кои се општо прифатени и познати и песни кои се заборавени, па преку нашите изведби ги доближуваме до слушателите. 

Групата е составена од 10 членови: Роберт Ангеловски – кавал
Андреј Трајковски – гајда
Новица Крстевски -кавал
Оливер Настовски- тамбура
Кристијан Јаневски – тамбура
Јане Крстевски – тамбура
и Никола Волкановски – тапан,
додека како вокали настапуваат
Ивана Чаловска Ангеловска, Симона Петковска и Ленче Димовска.

Во изминатите две години  ВИС Аманет оствари соработка со голем број на фолклорни ансамбли како и  со огромен број на вокални интерпретатори. Минатата година на 1 ви март, ВИС Аманет го одржа својот прв самостоен концерт, насловен ” Една година Аманет”,  народен мјузикл (т.е. битова драма) во соработка со актерот Владо Дојчиновски кој е наш соработник и најголем поддржувач. Задовме учество на повеќе фестивали, манифестации , натпревари.

Се нижеа и награди меѓу кои најзначајни за нас се:
– прва награда во категоријата младинци на фестивалот Пеце Атанасовски
– награда “Чувари на традицијата” на фестивалот Пображење – Вевчани
– Гранд При награда на натпреварот “Инструментите на моите предци ” во организација на ДКЦ Карпош – Скопје.

Во периодот што следи најавуваме  неколку проекти, и тоа:
– самостоен проект на ВИС Аманет со аудио и видео записи на 20 традиционални ора и песни
– Годишен концерт по повод две години Аманет насловен ” Аманет од предците ”
– Велигденско шоу на ВИС Аманет во соработка со Џељо Дестановски кое ќе се емитува на повеќе телевизиски програми.
Од името на ВИС Аманет упатуваме огромна благодарност за интересот. Медиумската поддршка ни е од големо значење, начин преку кој народот има можност да не запознае, да слушне за нашата мисија и секако да ужива во прекрасните звуци. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...