Кинеските туристи од Вухан, кои изминатите два дена се наоѓаа во Хрватска и БиХ, денеска пристигнаа во Србија.
Како што дознава Курир.рс, санитарните инспектори и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје на Србија, д-р Милан Јовановиќ-Батут ги чекале на граничниот премин.
Два автобуса кои превезуваа кинески државјани од провинцијата Хубеи, во близина на Вухан, каде се појави смртоносниот коронавирус, тргнаа низ Балканот и пристигнаа во Србија преку мостот Зворник.
Туристите бидат надгледувани за време на нивниот престој во Србија. Групата од Вухан веќе беше под контрола кога минуваше низ Хрватска. Сите патници биле подложени на тестови и анализи и не биле забележани симптоми на опасен грип.
Граничната полиција на Србија, во соработка со Републичкиот инспекторат и ресорното министерство, вчера чекаше автобус со педесетина кинески туристи кои влегоа во нашата земја преку преминот Мали Зворник – Каракај.
Република Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во врска со состојбата со новиот корона вирус што се појави во кинескиот град Вухан, стои во соопштението на официјалната веб-страница на Министерството за здравство.
Од таму велат дека се преземени приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.