Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

Објавил: Перо Милчин | 19 јануари, 2022 13:06

ГРУПНО ФАЌАЊЕ НА КРСТОТ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.

Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничена на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите заедно и прегрнати до дочекаа положувањето на крстот.

„Единство, братство, сплотеност. Крстот ќе биде со сите нас, ние ќе го вратиме во црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник“ порачаа верниците кои беа во водите на Вардар кога архиепиското Г.Г. Стефан го положи светиот крст во водата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани