И додека во Грција мака мачат со короната, Македонците топ не ги бие, во ресторан се влегува без никаков тест, без потврда за вакцина, а згора на тоа никој не ги конторлира гостите дали носат маски или.

Објавил: Мартин Попоски | 1 јануари, 2022 11:46

Грците го обраа бостанот, 40560 илјади ново заразени со ковид

Фото/Текст извор: ©МИА

Веќе четврти ден по ред, Грција бележи рекордно високи бројки на дневни случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а денеска беа регистрирани 40.560 новозаразени, што е нов, негативен рекорд, јави дописничката на МИА од Атина.

Новозаразените се од 544.466 направени тестови, а повторно, најголемиот дел од случаите, 17.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Починале 76 лица, а 627 пациенти (девет помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 541, односно 86,28 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од вторникот, кога првпат беше регистриран петцифрен број новозаразени, трендот на раст на новите случаи продолжи и следните денови, за денеска да стигне до над 40.000.

За четири дена во земјата беа регистрирани вкупно 126.810 случаи од кои: 21. 657 случаи (од 556.060 тестови) во вторникот, 28.828 случаи (од 398.632 тестови) во средата, 35.582 случаи вчера (од 424.682 тестови) и 40.560 денеска (од 544.466 тестирања).

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.210.853 случаи на Ковид-19, а почина 20.790 лица.

И додека во Грција мака мачат со короната, Македонците топ не ги бие, во ресторан се влегува без никаков тест, без потврда за вакцина, а згора на тоа никој не ги контролира гостите дали носат маски или.

Тоа што е интересно дека ниту во продавница македонските граѓани не се придржуваат на прописите кои ги има одредено Министерствотто за здравство на Македонија, многу луѓе не носат маски иако беше значително зголемена френквентноста во продавниците. 

Она што е дополнително чудно што болниците се скоро празни, значи ли тоа дека Македонците станаа имуни или пак Министерството за здравсто престана да ги објавува реалните бројки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.