Според информациите од утринава, ситуацијата е малку подобра од вчера. Десетина пожарникари, два канадери и хеликопетр се борат со пожарот на Тасос.

Објавил: Весна Петровска | 14 август, 2019 11:18

Грција во пламен – пожарникарите се борат со пламените јазици

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Грција во пламен,над илјада пожарникари се борат против шумските пожари, најголем дел на островот Евија, северно од Атина, кој и натаму е надвор од контрола.

Според информациите од утринава, ситуацијата е малку подобра од вчера. Десетина пожарникари, два канадери и хеликопетр се борат со пожарот на Тасос.

Грчкиот премиер Мицотакис го прекина одморот и од Крит се врати во Атина.

-Ситуацијата изгледа подобро, пожарникарите вложија големи напори, изјави регионалниот гувернер за централна Грција, Костас Бакојанис за телевизија Скај.

Тој навел дека пожарите се комплицирани за гасење, но истакна дека човечки животи не се загрозени.

АП пренесува дека во Грција во рок од 24 часа се активирале 56 пожари.

Катимерини пожарите во Евија ги нарече голема еколошка катастрофа. Се наведува дека пожарот опфатил површина од 12 километри и прогласена е вонредна состојба.

Пожарот го гаснат 280 пожарникари, доброволци, војници, шест канадери и шест хеликоптери.

Грчката Влада побарала помош од европските организации за цивилна заштита, а канадери се испратени од Хрватска и Италија.

За потсетување, минатата година во летувалиште во близина на Атина, 100 лица загинаа во пожар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.