Грчката полиција наскоро треба да објави детали.

Објавил: Владо Марин | 20 ноември, 2020 9:52

Грција: Запленети 230 килограми кокаин

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Грчките власти запленија над 230 килограми кокаин по операциите во регионот Атика, кои завршија со апсење на 38-годишен маж.

Грчката полиција верува дека пратката била организирана од меѓународна криминална организација специјализирана за пратки кокаин од Латинска Америка во Европа. Запленетата количина била наменета за дистрибуција на грчкиот пазар, пренесува грчката агенција АНА!

Акцијата за откривање на локацијата на кокаинот била координирана од Одделот за наркотици во солунската полиција, Американската управата за борба против дрога (ДЕА) и грчките пристанишни власти, крајбрежната стража. Уапсениот носел пиштол, мобилен телефон и пари.

Грчката полиција наскоро треба да објави детали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.