Грција против Македонија да се верднува одделено од Албанија

Објавил: Македонка Димкин | 15 октомври, 2019 22:50

Грција и Италија- најгласни против Македонија да се одвои од Албанија

Фото/Текст извор: ©канал 5

И покрај заострената реторика на релација Скопје-Софија, на денешниот состанок во Луксембург помалку неочекувано Грција била земјата од соседството која жестоко се спротивставила на идејата Македонија да се одвои од Албанија. 

И покрај заострената реторика на релација Скопје-Софија, на денешниот состанок во Луксембург помалку неочекувано Грција била земјата од соседството која жестоко се спротивставила на идејата Македонија да се одвои од Албанија и самата да добие датум за преговори известува телевизија Канал 5

Ваквата позиција на Атина беше најавувана, но во услови кога е повеќе од јасно дека шансите за да се обезбеди консензус за датум за Албанија се минимални, зачудува инситирањето по секоја цена да се опстои на истата. Со ова на некаков начин се потврдија стравувањата дека ставот на новата грчка влада е само суптилен начин да се стави ново вето за интеграциите на Македонија.

Дали и како ќе реагираа македонските власти засега не е познато, но според дел од познавачите, ставот на Атина може да се толкува и како дирекно прекршување на Преспанскиот договор, со кој Грција се обврза да ја поддржува евро-атланската интеграција на земјава.

Во договорот, нема никаква одредба која интеграциите на земјава се поврзуваат или се условени со напредокот на Албанија.

Инаку, дипломатските извори на Канал 5 од министерскиот состанок, велат дека освен Грција жестоко против одвојување на Македонија и Албанија се уште и Италија и Германија.

Италија поради историската блискост со Албанија, а Германија поради загриженоста дека во случај да се одвојат двете земји, Тирана ќе остане вечно во „чекалницата“ и на таков начин повторно е можна дестабилизација на регионот.

Сепак, нашите извори уверуваат дека опцијата за раздвојување на двете земји не е „мртва“ и останува како реална можност на Самитот на лидерите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...