Хан рече дека и двете страни се многу успешни и дека САД дава многу голема поддршка за она што она денес го нарекуваат „Северна Македонија„

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2019 20:46

Грција и Турција се караат кој да го штити македонското небо?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во интервју за „Вашингтон пост„ еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, изјави дека Преспанскиот договор помеѓу Република Македонија и Грција може да поттикне големи решенија и на другите отворени прашања на целиот Балкан.

За време на разговорите со претставници на американската влада задолжени за Западниот Балкан, Блискиот исток и за Украина, еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, во интервју изјави дека Преспанскиот договор помеѓу Грција и Република Македонија може да поттикне многу големи решенија и за други отворени прашања на целиот Балкан.

Договорот за решавање на спорот за името во Псарадес, на грчката страна од Преспанското Езеро, го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Горди сме затоа што избравме решение што нѐ обединува“, оцени македонскиот премиер Заев. Неговиот грчки колега Ципрас рече: „Овде сме да ги залечиме раните што ги остави времето, да отвориме пат за мир, братство и пораст“.

Тој рече дека и двете страни се многу успешни и дека САД дава многу голема поддршка за она што она денес го нарекуваат “Северна Македонија”.

Според Хан затворањето на спорот за името ќе биде пример и претходница за решавање и на другите конфликти во регионот, вклучувајќи го и застојот во дијалогот меѓу Србија и Косово.

Додека пак грчкиот премиер во интервју за грчката телевизија Антена, рече дека дури и оние кои сега добронамерно се противат, за 10 или помалку години ќе го сфатат значењето на Договорот од Преспа. Ципрас рече дека силно ќе се бори во рамките на заштитата на македонското небо под НАТО, грчките Ф.16 авиони, а не турските авиони да бидат тие што ќе ја штитат Република Македонија.

– „Навистина, за критичните национални прашања моите претходници размислуваа за политичката цена? Јас во ниту еден момент не помислив на тоа во големите и критични моменти за време на мојот четиригодишен мандат. Грција и Северна Македонија се природни сојузници и сега ни се овозможува да имаме економска активност таму, тие да бидат нашите основни стратешки партнери.“ – изјави Алексис Ципрас, премиер на Р. Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.