Дипломатската "војна" меѓу Атина и Москва продолжува

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 10:33

Грција не им издаде визи на руски свештеници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчките власти како што јавуваат повеќе европски агенции одбиле да им издадат виза за престој на руски свештеници.

Тие за ова го информирале и ресорното министерство во Москва.

Во реaкцијата на портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова свештениците виза за престој барале од грчкиот конзулат но од таму без образложение  биле одбиени.

Поради тоа руското министерство за надворешни работи бара објаснување од официјална Атина зошто ги дискриминирани руските граѓани при добивање на грчки визи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.