Во Грција живеат над 500.000 албански граѓани кои во најголем дел се со регулиран престој

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 10:10

Грција протерала над четири илјади албански граѓани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчките власти во текот на месец јули поради нелегален престој во земјата протерала 841 странски државјанин од нив 377 албански.

Полициската статистика потврдува дека во изминатите седум месеци од годинава протерани се вкупно 7.959 странски државјани од нив 4.267 албански.

Остантите странски државјани се од Ирак – Пакистан – Грузија – Бангладеш – Турција – Алжир и Иран.

Што се однесува до албанските државјани гледано одделено по месеци во јануари биле протерани 628 во февруари 648 во март 668 април 745 во мај 738  во јуни 463 и во јули 377 албански државјани.

Во Грција живеат над 500.000 албански граѓани кои во најголем дел се со регулиран престој.

Повеќето заминаа веднаш по падот на тоталитарниот режим во Албанија во деведесеттите години од минатиот век.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.