Тој истакна дека треба да се сруши спомен куќата на Мајка Тереза и Порта Македонија

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 20:59

Грчев: Македонската нација е измислена

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во денешното гостување за Канал 5, во емисијата Само Интервју, архитектот и член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот Скопје 2014 Мирослав Грчев истакна дека во 19 век сите нации во светот се измислени, вклучувајќи ја и македонската.

-19 век е век кога се измислија не само македонската нација, туку 90 проценти и повеќе, можеби само една или две сите други европски и сите други светски нации се измислени од втората половина, вели Грчев.

Тој истакна дека треба да се сруши спомен куќата на Мајка Тереза и Порта Македонија.

Случајот со спомен куќата Мајка Тереза, која по габарит е изградена, не е само опремена. Првото тешко прекршување на Уставот е што споменикот е идеја од премиер од влада за уредување на град. Тоа е строго забрането и е спротивно на основната темелна вредност. Не може владата да се бави со нешто што е во надлежност на локална самоуправа. Тоа е диктаторски потег. Тоа што влада дискутира за што да се прави со овој проект е иста грешка како онаа на Груевски, ова е исказ на една импотенција и од политички и од уставно-правен тип. Владата не е надлежна да расправа за тоа. Идејата за пренамена е за мене вон памет. Не е направена студија колку чини демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени, вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести