Операцијата беше извршена вчера, а вредноста на таблетите на црниот пазар беше проценета на 10 милиони евра.

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2020 0:37

ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ДРОГА ВО ВРЕДНОСТ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА : Уапсени 3 лица поради 500.000 таблети екстази

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Грчката полиција денеска објави дека запленила 500.000 таблети дрога екстази во Солун и уапсила три лица.

Операцијата беше извршена вчера, а вредноста на таблетите на црниот пазар беше проценета на 10 милиони евра.

Полицијата прво уапси 56-годишен возач на камион во кој пронашла 180.000 апчиња. Полицијата веднаш потоа запрела и автомобил во кој пронашла уште 320.000 таблети екстази.

Уапсила и двајца Ирачани, на возраст од 49 и 52 години, од кои едниот е жител на Холандија, а другиот на Грција.

Апчињата очигледно биле произведени во Западна Европа и биле наменети за грчкиот и веројатно турскиот црн пазар, изјави неименуван полициски службеник.

Полицијата трага и по друг возач на камион.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.