Македонците во Грција преку ова писмо, сакале да ги добијат своите права, по низата неправди кои им беа нанесени. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 14:39

Грчката црква не дозволува литургии на Македонски јазик за Македонците кои живеат во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчката Црква не дозволува литургии на македонски јазик, за Македонците кои живеат на територијата на Северна Грција. Вчера Грчкиот Синод испрати писмо до екуменскиот патријарх Вартоломеј, во кое се наведува дека грчката црква го отфрла барањето на „самопрогласените Македонци“ во грчките цркви да се богослужи на македонски јазик, пренесува телевизија АЛФА.

Македонците во Северна Грцја по низа неправди, се борат за да добијат право на литургија во Грчките цркви на својот мајчин јазик. Според тврдењата дадени од Виножито, единствената политичка организација на Македонците во Грција, денес во државата има околу 400.000 Македонци

Бурните реакции на Грчкиот Синод, започнале откако партијата која ги застапува Македонците во Грција, „Виножито“, испратила писмо до нив, по што Грчкиот синод свикал итен состанок за разрешување на ситуацијата, и бурно реагирале до највисоките црковни инстанци.

Македонците во Грција преку ова писмо, сакале да ги добијат своите права, по низата неправди кои им беа нанесени. 

-Сакаме да имаме црковна литургија на нашиот мајчин современ македонски јазик, дури и во недела во регионите на Грција каде што живееме македонските православни христијани, национални македонски грчки граѓани. По ратификацијата на Преспанскиот договор меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, ние веруваме дека дојде време да се стави крај на неправдата на нас родното македонско малцинство македонски православни христијански етнички Македонци на територијата на Грција. Ве замолуваме наши верски Пастири да придонесат со разбирање на нашите религиозни права како малцинство да пеат и да слушаат молитви на нашиот јазик и да ги крштаваат нашите деца со нашите традиционални имиња, стои во писмото од Виножито.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор Грција се обврза дека го признава македонскиот јазик и нација, па поради тоа од партијата која ги застапува македонците во соседна Грција, Виножито побараа и од грчките универзитети да се промовира и изучувањето на македонскиот јазик.

Според тврдењата дадени од Виножито, единствената политичка организација на Македонците во Грција, денес во државата има околу 400.000 Македонци. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести