Станува збор за сума од 30 милијарди евра!

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2018 16:40

Грчкиот весник „Прототема“: Огромни пари се поврзани со името Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најтиражниот грчки неделен весник пренесува тврдење на грчкиот пратеник Димитрис Каменос кој тврди дека во игра за спроведувањето на договорот за името се огромни финансиски средства, објави Прототема.

Според Прототема 30 милијарди евра чини продажбата на името Македонија и Република Македонија.

Пратеникот кој се отцепи од АНЕЛ а кој важи за крајно десно ориентиран, тврди дека 30 милијарди евра е наградата на Германија, ЕУ и САД за имплементацијата на договорот и промена на Уставот.

Според Каменос 30те милијарди ќе се перат преку фондови на ЕУ од јануари 2019. Грција за спроведување на договорот треба да добие значително повисока сума пари односно 1 трилион евра. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести