Тој изрази уверување дека правилното управување со пандемијата на вирусот корона ќе доведе до побрзо економско закрепнување, пренесува АНА.

Објавил: Перо Милчин | 15 мај, 2020 18:03

ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР НАЈАВИ: Ако се биде како што треба ќе ги отвориме границите на 1 јули!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека земјата ќе ги отвори своите граници за странските туристи на 1 јули, доколку ситуацијата во врска со вирусот корона оди според планот.

Ќе го отвориме туризмот на 1 јули, ако биде исправно и за оние кои сакаат да патуваат и за нашата туристичка индустрија- рече Мицотакис на онлајн конференцијата на Консалтинг групата во Бостон, на која учествуваа 500 лидери.

Тој изрази уверување дека правилното управување со пандемијата на вирусот корона ќе доведе до побрзо економско закрепнување, пренесува АНА.

Тој додаде дека програмата за инвестирање ќе продолжи според планираното и повика на поголеми напори во борбата против климатските промени.

Овој викенд Грција ќе отвори 515 организирани плажи, што се смета за клучен тест во борбата за започнување на туристичката сезона.

Спортот, музиката и алкохолот ќе бидат забранети на плажите, а според советите на експертите, поради физичката оддалеченост, ќе бидат дозволени само 40 лица на 1.000 квадратни метри.

Предвидени се парични казни од пет до 20 000 евра за непочитување, кои ќе бидат тројно ако се повтори делото, најави заменик-министерот за безбедност Никос Хардалиас, додавајќи дека компаниите кои не го почитуваат законот ќе бидат затворени прво на 30, а потоа на 90 дена.

Туризмот се проценува дека учествува со 25 проценти од БДП на Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...