По неуспехот на референдумот за Договорот од Грција, познат и како референдум за промена на името, на големо се ниша премиерската фотелја и на грчкиот премиер Ципрас

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 20:34

Грчките медиуми за референдумот во Македонија, Ципрас во криза

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Циклонот “Зорбас” е првата, а референдумот во Македонија денеска е втората најважна вест во грчките медиуми.

Во неделните изданија на весниците, на информативните портали, во политичките емисии на радио станиците, во вестите, во информативните и дебатни емисии на грчките телевизии, гласањето кај нас, веднаш по невремето, го монополизира вниманието на грчката јавност.

Голем дел од грчките медиуми имаат испратено новинари во Скопје кои уште од петокот известуваат за климата во Македонија, за анализите и процените, но и за важноста на денешниот референдум.

На грчките телевизии има јавувања во живо од македонската престолнина.

Грчките новинари освен што ги пренесуваат главните информации и податоци поврзани со референдумот, во однос на тоа колку граѓани имаат право на глас, кога отвораат, а кога затвораат гласачките места, кога ќе бидат познати првичните резултати од ДИК и слично, коментираат дека она што е најважно, не е дали мнозинството ќе гласа „за„ или „против“, туку дали ќе има излезeност.

Референдумот и резултатите во Грција, директно, се поврзуваат и со домашната политичка сцена, со оглед на тоа дека со позитивниот исход, топката полека ќе се префрли на грчки терен.

Анализите во Грција се околу сценаријата за опстанокот на грчката Влада, односно кои би биле следните чекори на коалицискиот партнер Панос Каменос, кој е против Договорот од Преспа и во изминатите месеци излезе со различни најави, од барање договорот да се гласа со зголемено парламентарно мнозинство, па се до последниот став дека Независни Грци ќе се повлечат од владата. Но, се анализираат и следните чекори на опозициската Нова демократија која не отстапува од ставот дека договорот е штетен за Грција.

Медиумите не ја исклучуваат можноста, најголемата опозициска партија да достави нова иницијатива за гласање недоверба на владата, со оглед на тоа дека кон средината на декември ќе поминат шесте месеци од последната иницијатива со што одново ќе имаат право да побараа гласање недоверба.

Речиси на сите насловни страници на неделните изданија на грчките весници, одвоен е простор и за референдумот во Македонија. Ова се насловите и поднасловите на текстовите посветени на денешното гласање:

„Катимерини“: „Излезеноста е клучот“;

„То вима“: „Гори сојузот Ципрас – Каменос“ – Бура во Атина од референдумот- трилер во Скопје;

„Прото тема“:„Референдум за двајца (Заев – Ципрас)“ – ЕУ и САД дадоа се за „да“- Што ќе значи резултатот;

„Реал њуз“: „Политичката сцена жив песок“ – Ураганот од Преспа ги брише малите партии;

„Етнос“: „Се ќе зависи од излезноста“;

„Авги“: „Критичен глас, историска шанса“ – денес референдум во ПЈРМ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...