Известување за Македонските државјани да се воздржат од патување на овој датум во Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 14:48

Грчките фериботски компании ќе штрајкуваат на 3 септември

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчките фериботски компании најавија за понеделник 3-ти септември еднодневен штрајк.

Затоа се повикуваат туристите што ќе патуваат на некој од грчките острови тој ден а платиле траектни билети задолжително да ја проверат ситуацијата во нивните туристички агенции.

Причината за штрајкот е одбивањето да се зголемат платите на морнарите и да се подобрат условите за работа веќе седма година по ред.

Како што се наведува на патниците кои резервирале траектни билети за 3-ти септември им се препорачува да ја проверат состојбата во нивните туристички агенции или да се јават во локалното пристаниште за дополнителни информации а на патниците чие патување беше откажано поради штрајкот а билетите ги платиле однапред целосно ќе им бидат вратени парите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.